Златна комбинација која ги чисти цревата и го подобрува варењето

Правилната и избалансирана исхрана е клучна за нашето добро здравје.

Така, пробиотиците помагаат во одржување на балансот меѓу лошите и добрите бактерии во цревата и тие се неопходно за правилно функционирање на системот за варење. Освен нив, влакната се важни за одржување на добриот метаболизам, како и здравата цревна флора. 

Совршениот спој на пробиотици, влакна, витаамини и минерали  е важен за секој од нас. Една од најдобрите состојки за тоа е кефирот, кој со години се користи во народната медицина и кај сите оние кои се трудат да живеат здраво. Тој има моќ да ја нормализира цревната микрофлора и да го смири стомакот. Тоа се должи на добрите бактерии. 

Но, тој има најдобро дејство во комбинација со пченичните трици, како и овесот. Тие се богати со влакна, а содржат и калиум и витамин Б. Така, нежно влијаат на цревата, ја подобруваат нивната работа и го олеснуваат варењето. Освен тоа, природните влакна на се добри и за здравјето на срцето, регулација на холестеролот и нивото на шеќер во крвта.

Ваквата комбинација често се препорачува во процесот на чистење на телото, како и забрзување на метаболичките процеси и слабеењето. 

Начин на подготовка:

Измешајте 2 лажици пченични трици или смелен овес. Потоа додајте 400 мл овес. Оставете да отстои околу 15 минути. По желба можете да додадете и малку цимет и мед, но и семки.