Златко Марин ја презеде градоначалничката функција во Аеродром

Претседателката на Општинската изборна комисија, Аеродром, Смиљка Тенева, денеска, 24.10.2017 година, во просториите на Општина Аеродром на Златко Марин му го врачи решението за доделување мандат за градоначалник на Општина Аеродром.

Претходно, Златко Марин одржа кратка средба со досегашниот градоначалник, Ивица Коневски, при што и официјално беше предадена градоначалничката функција.

Исто така, на денешното свечено примопредавање беа доделени и решенијата на 27-те членови на новиот Совет на Општина Аеродром и тоа од коалицијата предводена од СДСМ: Тони Грнчаров, Гоце Јовчев, Ивана Цветковска, Дејанчо Тенев, Силвана Трбогазова, Рената Јајоска, Дарко Аврамовски, Ивана Здравеска, Аида Хоџиќ, Томче Ѓуровски, Билјана Спасовска, Даниел Кралјевски, Крсте Врбоски, Љупчо Недески и Маја Миловановиќ – Михајлов, како и од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ: Виктор Камилоски, Климен Стоилов, Јасминка Дамческа, Златко Перински, Пане Антовски, Мелина Голубовска, Петар Миовски, Ивица Тасиќ, Весна Маркоска, Стела Димковска, Љубомир Андревски и Оливер Миланов.