Златен скопски стандард при паркирање: Имаш „џип“ паркирај каде сакаш!

Правилото „Доколку имате големо возило или популарно наречено „џип“ тогаш можете да паркирате каде сакате“ е златен стандард во сообраќајната култура во Скопје.

Не секогаш немањето доволно паркинг места е изговор за вакво нецивилизирано однесување. Сведоци сме дека паркирањето по тревници, тротоари, пешачки острови, сообраќајни ленти, велосипедски патеки е речиси правило во многу скопски општини и кога во околината има слободни паркин места.

Кога ваквото нецивилизирано паркирање е од двете страни на пешачката „зебра“ тогаш пешаците се комплетно надвор со „игра“.
На ред се одговорните служби да стават ред како што тоа го прават на местата каде што паркингот се наплаќа.