Зимски колач со мандарини

Овој колач не се пече, а се прави за брзо време. Потребно е само да имате доволно мандарини, бидејќи ќе сакате постојано да го имате. 

Состојки:

300 гр пишкоти
500 мл млеко
100 гр шеќер
40 гр густин
2 јајца
200 гр излупени мандарини

За декорација:

Стопено бело чоколадо
Слатка павлака
Мандарини

Подготовка:

Пишкотите ставајте ги во млеко, па наредете ги во тава за печење, на која сте ставиле проѕирна фолија, во неколку реда. Изматете ги јајцата и шеќерот, ставете половина литар млеко и додадете го густинот. Варете ја смесата да се згусне. Прелијте врз пишкотите, ставете од мандарините и завиткајте со помош на фолијата како ролат. Пишкотите ќе се спојат како тесто. 

Кога ќе биде целосно изладено, со слатката павлака измешајте го белото чоколадо. Прелијте врз колачот и декорирајте со парчиња мандарина.