Сместен во модерен дел од Белград, ZiJin Hotel Belgrade ја комбинира функционалноста на деловен хотел со содржини за одмор, вклучувајќи wellness центар и ресторан со современа кујна.

Белград е место на кое посетителите од Македонија секогаш со задоволство се враќаат, без разлика дали станува збор за краток викенд-бег или подолг деловен престој. Доволно блиску за да не бара многу планирање, а сепак доволно динамичен за секое доаѓање да понуди ново искуство, Белград претставува спој на урбана енергија, препознатлива гостопримливост и богата гастрономска сцена.
Престојот во Белград тешко може да се замисли без прошетка низ неговите најпрепознатливи градски точки. Од погледот од Калемегдан, каде што се спојуваат Сава и Дунав, до боемскиот дух на Скадарлија, исполнета со музика, ресторани и автентична атмосфера – градот нуди искуства што лесно се паметат. Во исто време, Нов Белград носи сосема поинаков ритам, со широки булевари, модерни деловни центри, шопинг зони и сè попопуларни ресторани и кафулиња покрај реката.

Во вакво опкружување, изборот на сместување е исклучително важен дел од целокупниот престој. Хотелот повеќе не е само место за ноќевање, туку простор кој треба да одговори на различни потреби во текот на денот – од деловни обврски до моменти за одмор и релаксација. Токму таа рамнотежа помеѓу функционалноста и комфорот ја прави клучната разлика во впечатокот што го носиме со себе.
ZiJin Hotel Belgrade со 4 супериор ѕвезди е идеален пример за таков баланс. Сместен во Нов Белград, со одлична поврзаност со аеродромот (10–15 минути возење) и клучните градски зони, хотелот овозможува лесна организација на деловните активности, но и брз пристап до сите важни содржини што ги нуди Белград. За деловни настани, на располагање се шест мултифункционални конференциски сали, елегантна банкет сала од 300 м² и современ, целосно опремен конференциски простор со површина од над 700 м² – идеален за состаноци, конференции и различни видови настани.

Елегантниот и софистициран ентериер, како и врвната услуга, ќе го претворат секој престој во овој хотел во незаборавно city break искуство. Во една од 170 современо опремени соби, каде удобноста и квалитетниот одмор се во преден план, ќе пронајдете мир по динамичен ден. Препорачуваме задолжително да го посетите и City SPA wellness центарот на деветтиот кат, со панорамски поглед на градот, кој вклучува финска сауна, парна бања, фитнес зона и соби за масажа – идеално место за релаксација по деловни обврски или истражување на градот. Доколку патувате со домашно милениче – ZiJin Hotel е одличен избор и за вас.
Гастрономијата и атмосферата како дел од целокупното искуство
Во современиот туризам, квалитетот на престојот не се мери само преку удобноста на сместувањето, туку и преку целокупното искуство што го нуди дестинацијата. Гастрономијата и амбиентот имаат сè поважна улога, особено во град како Белград, познат по својата разновидна и жива гастрономска сцена.
Во рамки на ZiJin Hotel Belgrade, ресторанот и барот се развиени како интегрален дел од тоа искуство. Понудата на ресторанот одговара на различни вкусови на гостите, со фокус на модерна интерпретација на традиционални јадења и креативно спојување на различни кулинарски влијанија. Ќе уживате во балансот помеѓу познатото и новото, а секој оброк ќе биде посебно доживување.

Амбиентот на ресторанот и придружните простори дополнително придонесува за целокупниот впечаток – модерен, пријатен и ненаметлив, погоден како за деловни ручеци и состаноци, така и за опуштени вечери или неформални средби. Во потоплите месеци, летната тераса со градина станува природно место за собирање и нуди дополнително уживање во престојот.
Токму преку спојот на функционалност, удобност и внимателно осмислен lifestyle концепт, ZiJin Hotel Belgrade покажува дека современиот хотел е многу повеќе од место за ноќевање – тој го следи ритамот на модерниот патник и го претвора секој престој во ново и незаборавно искуство на Белград.