Животот значи да стануваш секојпат кога ќе паднеш...

Животот е непрестајна борба помеѓу тебе и неконтролираната сила која ти создава болка. Луѓето постојано живеат со некаков товар на грбот. Секој ден, секој од нас постојано се преправа дека сѐ е во ред, а многу често не е баш така. Се насмевнуваме, весело мавтаме, зборуваме со луѓето, без оглед на демоните во нашите глави. Никогаш не е лесно да се разбудиш и да се соочиш со истите грижи кои те мачеле претходната вечер. Но, тоа не е крај на светот. Мораш да продолжиш и да се туркаш напред и себеси и твојот живот. 

Во овој живот живееме со болка, сомнежи и грижи. Некои се безнадежни поради своите околности. Некои умираат од тешки болести. Некои се осамени и преплашени. Некои немаат ништо, а некои се како тебе. И сето тоа нѐ сместува во некакви шаблонски стереотипи и негативна енергија со која се поврзуваат луѓето. Секоја личност има свои битки во главата. Без оглед на тоа што се случило, знајте дека не сте сами. И на крајот на денот, вие сте хероите на вашите животи. Кога се чувствувате слаби, не барајте туѓи раце, станете и бидете свои најголеми поддржувачи.

Во својот емотивен куфер секој ден ставаме по нешто и додаваме тежина, како камен. Но, убаво би било кога секој ден би отстранувале еден камен од тој куфер. Знам дека не е едноставно, знаем дека сега си велите: „Да, лесно е да се каже“. Но, верувајте дека е возможно.

Сосема е океј да не се чувствувате добро, луѓе сме. Во ред е имате различни чувства во исто време. Во ред е да правите грешки и да зафркнете нешто. Но, не заборавајте дека секогаш ќе постои шансата дека нешто лошо ќе се повтори, но вие тогаш ќе го имате потребното искуство за да можете да преземете поинакви мерки.

Животот значи да станеш и покрај болката и поразот. Без оглед на тоа што го чувствуваш, мораш да станеш затоа што она што останува во твојот живот и она за кое вреди да се бориш. На тебе останува сета одговорност, твојот живот е само твој и ќе го водиш до крај. Не се откажувај, остани на својот животен пат. Бидете храбри и борете се. Секогаш постои надеж. Повторувам, секогаш постои надеж. Па затоа, ве молам, направете си услуга и никогаш не се откажувајте. Борете се и покрај стресот и стравовите. Борете се против сите негативни околности во животот. Борете се против демоните кои ве следат.

Станете. Издигнете се без страв. Станете и направете го тоа уште сто пати.