Животот почнува тогаш кога повеќе не морате да им кимате со глава на другите

Сите наши животи се меѓусебно испреплетени. Логично е да си влијаеме едни на други. Но, каде е границата каде престануваме да бидеме свои и што се случува тогаш? Свои сте тогаш кога својот став не мора да го прилагодувате на другите затоа шт осте уверени дека тие знаат подобро. Мислењето на другите воопшто не ви е важно. Свои сте кога сфаќате дека никој нема да ви аплаудира на вашите соништа, туку морате самите да ги негувате и чувате како да се најголема светост. 

Вистинскиот живот почнува кога сѐ она што другите ви го кажуваат почнувате да го земате со резерва, без оглед на тоа дали ве фалат или критикуваат. Кога сето тоа ќе го сфатите ќе видите како чуда почнуваат да се случуваат. Но, да се стигне дотаму е тешко, тоа е далечен и долг пат кој мора да се помине. Вистинскиот живот почнува кога ќе престанете околу себе да собирате луѓе и да им го докажувате својот статус, образование, религија, интелигенција и слично. Тоа само вам ви го храни егото и ништо повеќе. А потоа ќе сакате да им угодувате на луѓето, сѐ повеќе и повеќе, само за да ве следат и да ви даваат комплименти и да ви ги одобруваат постапките. Сето тоа време ќе се прашувате зошто го правите тоа, кога тоа не ве прави среќни, туку баш спротивното и тешко е, но не и невозможно да го промените тој шаблон на однесување.

Вистинскиот живот почнува кога повеќе не морате да им кимате со главите на другите и да танцувате како што свират тие. Но, кога ќе дојдете до тоа сознание, ќе се прашате зошто ви требало толку долго за да го сфатите тоа и да ја донесете таа одлука, кога сте можеле цело време да живеете така. Не треба клучот за управување на својот живот да им го предадете на другите. Не морате да ги добиете сите битки. Убавината на животот е да сфатите дека можете мирно да живеете и без тие битни. 

Да се биде свој. Ништо повеќе, ништо помалку.