Животот ни пројде во чекање

Не знам дали сте забележале, но секој од нас постојано чека нешто. Чекаме да дојде петок, да дојде ден за одмор, чекаме да купиме нешто, чекаме да добиеме нешто, чекаме работа, чекаме пензија. 

Постојано нешто чекаме. Животот ни помина во чекање. И дури и кога ќе го добиеме она што сме го чекале, не минува ниту една недела како се радуваме на она што сме го добиле, туку веднаш почнуваме да чекаме нешто друго.

Дали воопшто некогаш живееме во сегашноста? Притиснати помеѓу она што било и она што чекаме да дојде, се чини дека воопшто не сме свесни дека живееме во овој момент и дека сите мигови кои ги живееме се скапоцени. 

Од чекање нема спомени. Од живеење има спомени. 

Убаво е да се прават краткорочни и долгорочни планови, но ние само чекаме и не правиме ништо. И се жалиме потоа дека времето брзо лета и дека не сме го живееле доволно животот. 

А како да го живееме, кога не правиме ништо, туку чекаме, стоејќи во место?

Престанете да чекате да дојде викенд, направете го она што го сакате и денес. Не чекајте, затоа што времето ќе пројде побрзо отколку што мислите и потоа ќе останете само со каењата, нема да има ни што да чекате.