Животот е прекраток за да ги убедувате луѓето колку вредите

Престанете да одите со глава во ѕид! Ослободете се од луѓето и местата, нека одат по својот пат.
Животот е прекраток за да ги убедувате луѓето да бидат свесни кои сте и колку вредите.
Сакајте се доволно за да можете да си заминете од секоја ситуација во која постојано ги ставате другите како приоритет, а тие не го прават тоа никогаш за вас.
Усните на мудрите се запечатени и не им зборуваат на оние кои одбиваат да слушнат и на оние на кои им е удобно во своето незнаење.
Почнете да создавате место за себе, место во својот живот и светот за да го правите она кое го сакате и за луѓето кои ве сакаат.
Вашите таленти и време се скапоцени.
Внимавајте на нив, негувајте ги и развивајте ги.
Само на тој начин ќе можете да живеете живот кој има смисла и значење.
Вие сте подарок на овој свет.
Заслужувате да бидете препознаети по тоа што сте.

Не заборавајте: Имате величественост во себе!