Животните од скопската ЗОО на јануарско сонце

Скопската Зоолошка градина е омилено место за бројни скопјани од сите генерации, но и за гостите од целата држава.

Во својата колекција располага со 495 животни од 96 видови. Работи 365 дена во годината, а овие фотографии од животните од скопската Зоолошка градина направени овој јануари ќе ве натераат првиот слободен миг да го искористите и во живо да уживате во убавините на животните во скопската градина.