Животните како симбол во културата на старите Словени

Животните од секогаш играле важна улога во културата и традицијата на старите Словени. Волкот, мечката, лисицата, зајакот, главно поради нивното големо присуство на териториите кои ги населувале Словените имаат обезбедено битно место во легендите, традицијата и митологијата на словенските народи. Иако по примањето на Христијанството, голем број од симболите биле сметани за пагански сепак задржале важно место во културата.

Волк:

Волците имаат енормно влијание на културата на Словените. Па од таму доаѓаат и големиот број на легенди поврзани со врколаците. Во раните фази на ширење на Христијанството, кај словените било забрането да се јаде волчјото месо, поради верувањето дека оној кој ќе изеде месо од волк ќе стане врколак. Волкот секогаш асоцирал на странец, на некој кој не е создаден за да живее со луѓето. Христијанството ги смета волците како кучиња на ѓаволот, додека Словените го асоцираат со богот Велес, кој ја претставува дивината и има статус на стравопочитување.

Див зајак:

Дивиот зајак е поврзуван со вештините на лекување, предвидување на иднината, и користење на природните плодови како лекови. Некои племиња верувале дека доколку мажена жена сонува див зајак, наскоро ќе роди син. Карактеристиките на зајакот во природата биле поврзувани главно со негативни знаци. Па така, доколку старите Словени забележеле зајак кој трча кон нивното село, знаеле дека се подготвува нешто лошо, на пример шумски пожар. 

Лисица:

Поради своите физички карактеристики, во комбинација со итрината, лисицата е доживувана како посилна од волкот, па дури и од мечката. Словените длабоко ја ценеле нејзината спретност, и лукавост, знаејќи дека не секогаш решението е во физичката сила. Во легендите се раскажува како лисицата често знаела да ги измаме селаните. Таквиот статус ја претворил во плен за ловците, а нејзиното крзно како трофеј за кој се верувало дека носи богатство и среќа. 

Мечка:

Благодарение на многуте човеколики навики на мечките, како и можноста да се исправи на две нозе, Словените верувале дека всушност мечката и човекот потекнуваат од исти корени. Киевските Руси имале вервуање дека мечката всушност е човек заробен во ѕверско тело, поради смртен грев. Од истата причина било табу да се јаде мечкиното месо, бидејќи се сметало за канибализам. Мечката се смета како паметно животно, па затоа делови од мечкиното тело се користеле како амајлии за кои се верувало дека носат успех, па дури и мудрост на оној кој ги носи.