Животе, до кога вака?

Здраво животе, одамна не сме зборувале. Седни, повели, послужи се. 

Морам да ти кажам нешто, сосема накратко. Вака да те прашам: До кога вака?

До кога планираш да ми приредуваш вакви емоционални ролеркостери? Да ме вивнуваш во небото, па да ме трескаш од земја? 

До кога планираш да ми го кршиш срцето, откако ќе направиш да се радувам?

До кога планираш да правиш да се плашам да се израдувам, знаејќи дека сигурно ми приредуваш некакво спектакуларно шоу кое ќе ме уништи емоционално?

До кога планираш да ми ставаш насмевка на лице, за само некој момент потоа да ме расплачеш до степен да не можам да престанам да плачам на цел глас?

До кога животе, м?

Затоа што веќе сум малку уморна. 

Малку намали ја брзината, не можам толку брзо да те следам. 

Те сакам животе, ама мораш и ти понекогаш да ја возвраќаш таа љубов...