Живеете само еден живот, не велете никогаш „доцна е“

Барем еднаш дневно, ги слушаме луѓето околу нас како велат дека е доцна за нешто. Велат „сега веќе е доцна да го направам тоа”.

Иако можеме да ја слушнеме од сите, сепак многу почесто можеме да ги слушнеме 

Жените како ја изговоруваат оваа изјава.

„Предоцна е да студирам. Како ќе се сликам за индекс на 35 години?”

„Не можам да носам кратка сукња. Доцна е веќе за мене”.

Дури и за љубовта која доаѓа подоцна во животот, често луѓето знаат да кажат дека е доцна. Но, не треба да биде така.

Сонцето изгрева на едната, додека пак заоѓа на другата страна.

Некој раѓа деца на 18, други на 35.

Некој завршува факултет на 22, други на 40.

Некој се разведува на 40.

Некој почнува да готви на 50.

Да не дозволуваме да ги потиснуваме своите желби во себе, само поради тоа што мислиме дека сме престари за нешто. Не им се извинувајте на другите, не дозволувајте да бидете погодени од нивните зборови. Водете се само од своето срце.

Ако некој ви каже дека е доцна, кажете им да ви ги објаснат тие норми кои тие ги знаат. Каде ги прочитале?

Не се понижувајте со оваа реченица. Никогаш не е  касно. Никогаш.