Живееш со твоите, немаш кола: Парк, паркинг, темни улички...Љубовните гнезда на скопјани

Секогаш е убаво кога ќе видите вљубен пар на улица, на клупата до вас или на трева во парк, сепак некои сакаат поинтимни места на отворено каде ќе се чувствуваат сами....Разни допири, фаќања, молења и гњавења по темните места во Скопје :).

Постојат многу причини кои би ве натерале на ваков чекор: Живееш со твоите, немаш кола, имаш кола, ама ако имаш нешто „поозбилно“ во план, може да ве начекаат, не смеете да правите поише од фаќање, а ако отидете кај што има кревет ќе стане поопасно, интересно е да се почне баш тука, баш сега, МОРА да се почне, баш тука, баш сега и така натаму...

Парк

И тоа кој дел од паркот... ;) Колку пати сте посакале (или сте успеале) да се сокриете во најтемниот дел од паркот за да направите нешто повеќе од тоа што можете на клупите кај што е нешто посветло, или клупите на кеј? Најхрабрите (и најочајните од горенаведените причини) неретко успеваат да ја постигнат својата цел баш таму. Паркот ја нуди својата удобност, својата ладовина во лето и своите темни засолништа каде што ќе ја скриете вашата љубов од очите на несаканите (ама во тој момент НАЈНЕСАКАНИТЕ) минувачи и досадните (СЕКОГАШ најдосадни) манијачиња.

Водно
А како би го заборавиле, и како би го опишале, дури и зашто би го опишале, кога, ако не сте дел од популацијата што го пробала Водно за своите љубовни игри, тогаш сигурно сте биле сведоци макар на импровизираното љубовно гнездо :) Водно игра голема улога во швалерските верзии на Скопјани. Не се знае зашто баш Водно, ако знаете бујрум, ама ете така. Традиција си е традиција.

Рандом паркинг

По можност затемнет и изолиран. По можност подалеку од ТВОЈАТА зграда и ТВОИТЕ комшии. По можност... да не ги издаваме локациите. Паркингот е одлично место, доколку сакате да не бидете „ко сите“ на Водно, плус горенаведените причини. Плус, на паркинг не мора баш све да се деси. Може малку, ама тоа малку да направи многу ;) Може и да биде прекрасна конекција помеѓу „двајца млади што се сакаат“ на некое друго ниво, но за други нивоа во друга прилика. Во секој случај, добар дел од фантазиите се остваруваат во кола, на паркинг. Повеќето ќе се согласат дека е тесничко, но добро...

Маалско паркче
Е, во маалско паркче колку сакаш драпај се, не е баш свеедно. Проаѓаат комшии. Ѕиркаат комшии. Ма ќе те направат будала и само за љубење, ама кој да се секира, особено ако е Причина бр. 5 во прашање :) Во секој случај, не е фер без раче под маица, и раче на некое друго место да се помине, па што ако е маалско паркче.

Влез
Така, да. Од било која зграда. Влезот е добра варијанта, од причина што е многу тивко и се слуша најмал чекор. Плус кој и да излезе, пали светло, па си безбеден, што и да правиш. Плус, влезот не секогаш е планиран да заврши како сексуална локација. Неретко децата се испраќаат до врата, па бакнежот за добра ноќ преминува во СВЕ за добра ноќ :) И да, ако си внимателен, влезот може да значи СВЕ ;)

Темни улички
Ова веројатно нема пар што го нема пробано. Неочекувани изливи на љубов се случиле во многу тесни, симпатични и темни улички во Скопје. Од бакнеж, па до нешто повеќе, сокачињата се имаат изнагледано мал милион љубови, страсти, бакнежи, допири... Си ќутат и никако не издаваат, криејки ги своите искуства баш зад истата таа затемнетост која ги поттикнува. Кој како милува... Во секој случај, мислам дека креветот има посебна магија. Особено ако после тоа можеш да излезеш на тераса и пак да си го осетиш Градот.