Живееш или чекаш во редот за умирање?

Некогаш размислувам за сите оние луѓе кои повеќе не се со нас. Не одат, не живеат, не се радуваат.  Сепак, верувам дека живеат некаде надвор од овој свет. Тие се безбедни во мотие спомени.

Дали знаете колкав е бројот на оние кои живеат, а не се живи? Стуткани, исплашени, незадоволни, несреќни, заробени, со години негувајќи ја ограниченоста. И таквите луѓе со прст секогаш покажуваат кон мене, тебе и сите луѓе кои не се грижат за туѓото мислење.

Мене ме воспитаа да верувам дека можам да постигнам сѐ што ќе посакам, ме учеа да сонувам, да сакам што сакам и кого сакам, да бидам што сакам, ме поттикнува да студирам што сакам и да се облекувам како сакам. Затоа што сите тие работи еден ден ќе го обликуваат мојот живот кој нема реприза.

Моето опкружување секогаш било составено од луѓе кои биле на моја бранова должина. Кои не проценуваат моралот на луѓето според нивната гардероба, ниту пак интелектот според дипломите.

Правилата секогаш ме ужаснувале, затоа што сметав дека во животот доволно е да имаш срце, затоа што тоа секогаш непогрешливо ти го кажува она што го сакаш. А додека сакаш, кому е гајле за сиот останат свет?

Воопшто не ми беше гајле што ми викаа дека девојка не треба да пие пиво од шише и тоа што прегласно се смејам. Око не ми трепнуваше кога ми велеа дека не треба да танцувам кога ми се танцува и што се бакнував кога сакав да се бакнувам. Заминував кога не сакав да останам и се заљубував кога моето срце сакаше да се заљуби.

И секогаш бев искрена. Сѐ беше искрено. Моите солзи, разделби, пријателства, љубови и симпатии. Никогаш не ми се допаѓаа машки кои им се допаѓаа на сите девојчиња, никогаш не сакав да имам патики како сите девојчиња и никогаш не се смеев кога ми се плачеше.

Најсилно се сеќавам на моментите кога дишев со полни гради, кога одев да спијам тогаш кога требаше да се будам, кога се смеев на глас, шетав на дожд и кога го слушав своето исплашено срце. И тогаш се чувствував најжива.

Ги гледам луѓето како им се препуштаат на своите стравови. Се плашат од сѐ, а највеќе од себе. Се плашат од осудувања, но како може некој да ти суди кога и ти самиот не знаеш кој си?

Никој никогаш не се потрудил да ме научи како се живее. Можеби имало некакви обиди. Но, мојата своеглавост повеќе сакаше да удира во ѕидови отколку да дозволи другите да ме водат во нивниот правец.

И живеев. И утре, кога би престанала да дишам, не би ми бил жал за сите оние утра кои мирисаа на пролет, ноќите кога ги гледав ѕвездите и мислев на оние кои се таму.

Вдиши-издиши, тоа е едноставен животен механизам, но суштината на животот е во она што се случува измеѓу тие вдишувања и издишувања. Кога ќе одлучиш да го нокаутираш стравот и да одиш понатаму. Кога ќе одлучиш да го занемариш тресењето на колената, затоа што знаеш дека на крајот ќе те чека нешто прекрасно. Кога си свесен дека сѐ проаѓа: и тагата и среќата и стравот и болката.

Неколку пати се случило да бидам парализзирана од своите стравови, отровно опкружување и лоши луѓе. Моето срце секогаш знаело во кој правец се движи, но јас не секогаш имав храброст да тргнам со него.

А ти? Живееш или чекаш во редот за умирање?