Жителите на Трнодол и Жданец поднесоа претставки во Општината Карпош

Жителите на населбите  Трнодол и Жданец реагира со претставка во општината за новиот ДУП. Очекуваат да бидат поканети на јавна расправа со градоначалникот каде пред експерти ќе го презентира ДУП за градска четврт ЈО3. За граѓаните спорно е што општината планира да изгради мост и да направи еден влез и излез за двете населени места.

Реагираа дека земјиштето е трусно и ризично е што се предлагаат градби од 5 ката плус 2. Во населбата веќе се појавиле неколку свлечишта.

- Замислете 1500 возила кога ќе се затнат хаос Сега имаме проблеми за при вклучување на у козле .Целовитоста на населба трнодол се дели на два дела . Се прави блоковска поделба на гр четврт јо3. Една населба од 250 куќа се дели 1ж3 во блок бр 5 а др блок со шпанско село дивоградби .Сега имаме проблеми со одвод со канализација вода, електрична струја а замислете кога ќе се приклчучат шпанско село . Се преглага 5 плус 2 или 5плус 3 поткровје, изјави Фирдаус Неви, жител на Трнодол.

Во прилог на претставката се поднесени 5 спорни точки. Граѓаните прашуваат зошто до крај не е презентиран предложениот план, дали можеби општината планира нова населба над Жданец.

- Овој предлог дуп е изваден од контекст фалат локации што се над населба Трнодол и Жданец и не гледаме што е идејата на неприродното отцепување на населбата, дали се планира нова населба, изјави Тошко Мавродиев, жител на Трнодол.

Жителите најавија доколку не се реши проблемот во општината, ќе се жалат на повисоки инстанци. Кризниот штаб на граѓаните е составен веднаш откако е објавен предлог ДУП-от по што жителите излегоа на протест.

Првата јавна расправа била закажана во период кога поради топлотен бран беше прогласена портокалова фаза, а поголемиот број граѓани биле на годишен одмор.