
Преполни контејнери, преполни корпи за отпадоци е сликата во скопската населба Радишани. Според кажувањата на жителите контејнерите не се празнат често и најчесто ѓубрето освен во садовите за отпадоци ги има и на тротоарите, а таква ситуацијата затекнавме во близина на основното училиште „Ацо Шопов кај пазарчето.
Дополнителен проблем претставува и преполните канти за отпадоци во руралниот дел. Според кажувањата договорот со Комуналното претпријатије е дека ѓубрето треба да се собира секоја среда, но од претпријатието не си ја исполниле нивната обврска и она што можеше и тука да се забележи е дека кантите за отпадоци и таму беа преполни.

Комунална хигиена во последнава година е мета на многу напади поради нивната неажурност во одржувањето на јавната хигиена. Скопските градоначалници постојано упатуваат апели да се одржува хигиена почесто и за чија услуга граѓаните плаќаат. Од Комунална хигиена постојано демантираат дека хигиената се одржува но сликите низ главниот град ги демантираат овие нивни тврдења.