Жителите на Автокоманда добиваат нови паркинг места

Градоначалникот на Општина Гази Баба утрово заедно со преставници од Секторот за градежништво, комунални работи и сообраќај излезе на терен низ Урбаната заедница Автокоманда со цел утврдување на локации за обезбедување на нови паркинг места за жителите од оваа населба.

Нов паркинг простор ќе се изгради во дворот на општинското основно училиште Стив Наумов наспроти пазарот, а дополнително се разгледуваат и други локации.

- Решавањето на проблемот со сообраќајниот хаос во Автокоманда е на врвот од моите приоритети и решение на овој проблем ќе бараме низ дијалог со граѓаните, кажа Стефковски.