Жител на Железара реагира: Централното греење треба да е поевтино, замисли автобус да стане поскап од такси!

Дел од жителите на скопска Железара реагираат за високите сметки за парно кои пристигнаа за изминатиот месец, а сепак радијаторите се, во најдобар случај, млаки. 

Еден скопјанец својата мака ја сподели на Фејсбук: 

-За парно во Железара месечно стигаат 3600 ден. + 180 ден. ДДВ = 3780 ден. за 82 квадрати. Дополнително на тоа, државата субвенционира 3512 ден., со што за да се затоплат тие 82 квадрати, ЕСМ зема 7292 ден. месечно. На годишно ниво, тоа се 87504 ден. - речиси 1500 евра!, вели тој. 

-Јас да решам тие 82 квадрати да ги греам со клима, панели, на дрва, со што било - нема да потрошам 1500 евра во годината. Нема ни 1000 евра да ме фати. Ама некако ЕСМ, кои ти нудат ЦЕНТРАЛНО греење (кое, баш бидејќи е централно, треба да е поефтино од индивидуално греење - замисли автобус да стане поскап од такси?!) ти велат: ние не можеме да загрееме 82 квадрат без 1500 евра годишен трошок! - појаснува овој скопјанец.