Жител на селото Љубанци физички ја нападнал сопругата, завршил во полиција

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(25) од село Љубанци, скопско, затоа што претходно физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.