Жичницата од денеска ќе работи до подоцна, јавниот превоз по неделен возен ред

ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска (четврток) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Од денеска Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.  

По повод празникот од Паркинзи на општина Центар известија дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани

Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2025 година (петок) со вообичаено работно време.