Жичарницата од недела ќе работи два часа повеќе

Од недела, Жичарницата на Средно Водно ќе работи два часа повеќе, односно од 10 до 20 часот, соопшти ЈСП Скопје.

– Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП.

Оттаму посочуваат дека работното време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември