Жештините се ризик за стомачни вируси - еве што треба да знаете!

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство вчера потсети на  општите препораки за заштита на здравјето. 

Освен стандардните совети за заштита од директните сончеви зраци и УВ светлина, во овој период од годината проблем се и стомачните вируси. 

Како да го заштитите системот за варење?

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.

Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени. 

Лекарите советуваат доколку патувате на одмор задолжително со себе да понесете пробиотик

Доколку стомачните тегоби се проследени со висока температура задолжително јавете се на лекар.