Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски на неговиот Фејсбук профил порача дека со некои медиуми ќе се види на суд поради нивните лаги и клевети. Тој додава дека на овој начин му се нанесува штета на личниот углед и интегритет.
„Како доказ за трагикомичните лаги, денеска ја објавувам фотографијата од предавањето на моите акредитиви во романското МНР. Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, ќе ја доставам и мојата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека сум амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт. Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија.
Многу ми е жал што, поради внатрешните процедури во нашето МНР, разбирливо, не смеам да давам службени изјави додека трае мојот амбасадорски мандат. Се разбира, кога истиот ќе заврши, со задоволство и со страст ќе ги отвориме сите теми. До тогаш, со оние кои шират лаги и клевети, ќе се гледаме на суд“, напиша Жерновски.