Жено, крени ја главата и избриши ги солзите: Вредиш многу повеќе отколку што мислиш!

Еј жено, крени ја главата! Избриши ги солзите од тоа твое убаво лице! Вредиш многу повеќе отколку што мислиш. И не, немој да мислиш дека си грда, немој душо, не си го прави тоа.

Ти си најубавото суштество кое го создал Бог, зарем се сомневаш во Бог? Ти си потреба, ти си создадена да бидеш поддршка, столб, пријател, создадена си за да бидеш сакана, а не да бидеш користена и заменета. Ти си создадена за да бидеш и најдобра другарка, а никој не треба да ги лаже најдобрите другарки. Ти си жена, ти не си избор. Тебе треба да те чекаат, а не ти да чекаш. Поради тебе се прават чуда, се поместуваат планини, се препливуваат океани за да ти се покаже дека си љубена.

А ти чекаш порака? Порака која никогаш нема да дојде. Не чекај, биди онаа која ја чекаат. Знаеш зошто? Затоа што си жена, затоа што вредиш, затоа што така треба да биде. Уште од самото создавање на светот. Во животот дозволи да бидеш врзана само за љубовта, а не за дворци и пари.

И немој да молиш, тоа во никој случај! Жена никогаш не смее да моли, жената е онаа која ја молат за трошка внимание, за еден поглед. Ти си создадена за некој да го види најдоброто во тебе, да ја запознае твојата сила, твојата волја за живот. Ти си многу повеќе од тело, ти треба некому да бидеш цел Универзум, а не само една ѕвезда.

Ти си создадена за да водиш љубов, да го третираат твоето тело како храм, како светост, а не како некаков предмет, да се љуби секој дел од твоето тело, милиметар по милиметар, што поситно и што повеќе... Не секој заслужува да те допре, ниту да те има.

Верувај дека се убава. Погледни си ги рацете.

Знаеш ли колку вредат твоите раце? Твоите раце еден ден ќе бидат засолниште, сигурна лулка, рај. Твоите раце еден ден ќе лекуваат гребнатинки, ќе бришат солзи и билка, а твојата прегратка ќе штити некого од злото на овој свет, од непријателите и злите јазици. Твоите раце ќе бидат единствената сигурност во времето кое доаѓа. Сигурност во свет полн со несигурности. Да, ти ќе го направиш сето тоа. И ти можеш да направиш сѐ. Сѐ, ама баш сѐ, затоа што ти ќе бидеш мајка.

И крени ја таа глава, можеби таа една приказна престанала. Тоа е обична приказна, обична приказна за тоа како уште еден маж на овој свет не го ценел она што го имал. Тебе те чека нешто многу поголемо. Ти треба да ја живееш својата бајка.