Жено, биди кралица

Жено, биди кралица!
Имај храброст да бидеш поинаква.
Биди пионер, биди лидерка!

Биди жена која, кога ќе се соочи со неволји, ќе продолжи да го сака животот и без страв ќе чекори во пресрет на предизвиците. 

Прифати го тоа!

Барај ја вистината и владеј со своето кралство со срце полно со љубов, без оглед на тоа каде се наоѓа тоа – во твојот дом, канцеларија, семејство...

Биди кралица. Биди нежна. Секогаш нека те водат нови идеи, уживај во тоа што си жена. 

Јас ќе се молам за тоа да не губиме време и да се преправаме дека сме неинтересни и просечни.

Ние сме Божји ќерки – тука сме за да го научиме светот како да сака. 

Не е важно низ што имаш поминато, од каде си и кои ти се родителите – не е важна твојата економска или општествена положба. Ништо од тоа не е важно. 

Важно е тоа дека си одбрала да сакаш и да ја искажуваш љубовта низ твојата работа, семејство, низ она што имаш да му го дадеш на светот. 

Жено, биди кралица! Не се откажувај од твојата моќ и слава!

Опра Винфри