Жените кои биле изневерени на крај завршуваат посреќни!

Една од најстрашните работи кои човек може да ги доживее во врска е изневерувањето. Кога вложувате се што имате во некој човек и му го подарувате целото срце и душа, навистина е болно да видите како се што сте граделе се руши како кула од карти и тоа за авантура или занес.

Но, изгледа дека има светло на крајот од тунелот. Новите истражувања тврдат дека изневерената жена на крајот завршува посреќна од мажот кој ја изневерил, а дека новата девојка е таа што ја наследува тежината на постапките. Тоа ви го кажуваа сите, а сега е потврдено и од науката.

Во минатото, истражувањата поврзани со неверството највеќе се фокусираа на краткорочните последици. Сепак, научниците од Универзитетот Бингамтон и Универзитетот Колеџ Лондон неодамна направија истражување кое ги следи долгорочните последици од изневерувањето. Ова истражување, кое е објавено во „Оксфордски прирачник за жените и конкуренцијата“, открило дека жените кои биле изневерени и оставени за друга жена на крај ги собираат плодовите од ситуацијата. Истовремено, „другата жена“ се мачи со новата врска.

„Интелигенција за парење“ е термин кој го измислиле научниците и кој го користат за да ја опишат способноста на жената да пронајде добар сопруг. Истражувачите го истражувале влијанието кое изневерувањето го има врз „интелигенцијата за парење“ на жените, на нивните идни врски и слично. За оваа тема, ова е најголемото истражување со 5.705 испитаници во 96 земји.

Главниот автор на истражувањето, доктор Крег Морис од Универзитетот Бингамтон вели: „Жената којашто го губи мажот заради друга жена ќе пројде низ многу тежок период на тажење и страдање, но ќе излезе од тоа искуство со повисока интелигенција за парење што ќе и овозможува да подобро да ги проценува идните партнери. Така, на подолг рок, таа навистина победува. Тие треба да научат дека не се сами, дека речиси секој човек поминува низ тоа и дека е океј да побараат помош за да се справат со тагата.“

„Другата жена, се фаќа себеси дека е во врска со човек кој веќе покажал шаблон на изневерување и измама. Па така, на подолг рок, таа губи.“

Уште еднаш, вашата мајка и баба биле во право: Ако изневерил со вас, ќе ве изневери и вас.

nike air max 1 sale