Жената за која се шпекулираше дека загинала во пожарите, прогласена за исчезната

Жената за која се претпоставуваше дека загинала во пожарите во селото Челопек, е прогласена за исчезната.

Откако огнот бил ставен под контрола, извршено е вештачење на куќата каде се претпоставуваше дека била таму и починала и не е пронајден никаков доказ за тоа. Во куќата немало остатоци од починато тело. 

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека согласно законските прописи постапуваат по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршиле детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане.

-Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги - велат од МВР.

Сепак, овој случај останува мистерија, бидејќи има луѓе кои тврдат дека жената излегла од куќата која била зафатена од оган, дека комуницирала со сестра ѝ, но и дека сега ја нема никаде. 

Притоа, никој од пожарникарите на терен не бил известен дека постои можност во опожарената куќа да има живо лице.