Жена заврши во болница по струен удар во штала во Кондово - од ударот било усмртено и животно

Вчера околу 19:00 часот во СВР Скопје, А.А. од село Кондово, скопско, пријавил дека околу 16:00 часот во неговата штала во Кондово, од струен удар се здобила со повреди неговата сопруга Ш.А.Е.(48) од село Грачани, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Во полицискиот билтен се наведува дека од ударот било усмртено и домашно животно.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.