Жена загина во пожар во куќа во близина на Скопје

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 04.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во куќа.

При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51). Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, информираат од полицијата.