Жена со автомобил удрила пешак на паркинг, па избегала со возилото

На 07.07.2020 во 12.20 часот било пријавено дека на паркинг простор на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“, со шведски национални ознаки, управувано од непознато женско лице, удрило во пешакот В.Т.(76) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата, информираат од МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил пешакот В.Т., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.