Жена претепана пред деловен објект во охридско - завршила во болница со тешки повреди

Синоќа во 20:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на машко лице врз негова соселанка.

Според полициските информации, нападот бил извршен од Г.А. врз 47-годишната Д.Ј., двајцата од истото село, при што Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид.

По целосно документирање на настанот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.