Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и автомобилот

Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека во 17:30 часот истиот ден во дворот на семејната куќа била нападната од својот сопруг 43-годишниот М.Т. од Скопје кој потоа и го оштетил и нејзиното возило.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.