
46-годишна жена добила закани од пријател на нејзиниот вонбрачен другар, со цел да ја повлече пријавата, која таа претходно ја поднела против партнерот.
Како што се наведува во полицискиот билтен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријавила дека Г.Г., пријател на нејзиниот вонбрачен партнер, телефонски ѝ упатувал закани со цел да ја повлече пријавата што таа претходно ја поднела против нејзиниот вонбрачен партнер.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.