
Вчера во 13:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Робово, струмичко се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р.(42) од село Робово и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(32) од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Г.Р., која била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починала.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.