Жена од Грција тешко повредена во сообраќајка кај Битола

Жена од Грција тешко повредена во сообраќајна несреќа кај Битола. 

На 01.12.2022 во 13.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Државна граница со Република Грција, М.Г.(51) од Република Грција, управувајќи патничко возило „нисан алмера“ со грчки регистарски ознаки, изгубила контрола, излетала од коловозот и удрила во заштитна ограда. Во несреќата, М.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, соопшти полицијата. 

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.