Жена фатена на дело како краде од маркет во Гостивар

Жена фатена на дело како краде од маркет во Гостивар. 

- На 02.03.2026 во 09:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода Х.М.(31) од село Добри дол, гостиварско. Таа била затекната од вработен во обезбедувањето при извршување кражба во маркет на ул.„ЈНА“ во Гостивар, известија од МВР. 

Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.