Жена била тепана од невенчаниот сопруг, ја принудил да бара пари од родителите и земал неколку брзи кредити на нејзино име

Вчера во 13.20 часот во СВР Тетово, 20-годишна жена од тетовско село пријавила дека претходниот ден била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Ш.Ј. од гостиварско село.

„Според пријавеното, тој често ја принудувал да бара пари од нејзините родители, а исто така, на нејзино име истиот подигнал неколку брзи кредити, информираат од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.