Жељко Самарџиќ утревечер настапува на „Тиквешки гроздобер 2026“ во Кавадарци

Кавадарци од вечерва влегува во празничната атмосфера на „Тиквешки гроздобер 2026“, манифестација која и годинава носи музика, карневал и забава за сите генерации.

Програмата започнува вечерва во 21 часот со настап на Zee Bomb. Од 22:15 часот публиката ќе го проследи настапот на Девито, а музичката вечер ќе заврши со DJ Galoski, кој на сцената излегува во 23:30 часот.

Празничната атмосфера продолжува во сабота, кога од 18 часот ќе се одржи традиционалниот Тиквешки карневал. Вечерта е резервирана за музика, па од 21 часот настапува „Нокаут“, во 22:30 часот „Дупер“, додека од 23:30 часот следува концертот на Жељко Самарџиќ.

Во недела, програмата е посветена и на најмладите. Од 18 часот ќе се одржи Детскиот тиквешки карневал, а забавата продолжува со вечерна музичка програма.

Од 21 часот ќе настапат Слободанка Танева и Мирјана Митрева, во 21:45 часот следува настапот на Џејла Рамовиќ, додека последниот настап за ова издание на манифестацијата, од 23:30 часот, е на Пеџа Јовановиќ.

Со тридневна програма исполнета со музика и карневалски настани, Кавадарци и годинава го одбележува „Тиквешки гроздобер“ во препознатлив дух на традиција и забава.