Жељко Јоксимовиќ доаѓа на штипската Пастрмајлијада - Ова е датумот!

На 19 септември, Градскиот стадион во Штип ќе биде домаќин на уште една голема музичка вечер во рамки на годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада “.

Пред штипјани и гостите ќе настапи Жељко Јоксимовиќ - еден од најпознатите и најпочитувани автори и изведувачи на регионалната музичка сцена.

Со своите безвременски хитови, препознатлив музички израз и концертна енергија која обединува генерации, Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Штип за вечер исполнета со врвна музика, емоции и незаборавна атмосфера, најавија организаторите.