Желба на скопјани и урбана реалност: Проодни тротоари и велосипедски патеки без автомобили

Пред 19от век, да се биде пешак во поголема урбана средина значело дека секое излегување надвор од домот вашиот живот бил изложен на ризик. Без посебна површина по која жителите на еден град би можеле заштитено да се движат, чекорењето по градските улици значело одбегнување на животни, кочии, како првите моторизирани возила со кои пешаците морале секојдневно да се натпреваруваат.

Иако постојат записи за први направени тротоари уште од страна на старите Римјани пред речиси 4000 години, сепак долго време улиците во поголемите градови немале предвидено простор за тротоар.

Денес, тротоарите се составен дел од секој поголем урбан центар и играат значајна улога во градскиот живот. Покрај тоа што функционираат како патеки за движење и пристап на пешаците, тие исто така зголемуваат поврзаност и го поттикнуваат пешачењето, кое има дополнителен позитивен ефект врз здравјето на жителите во градот.

За жал, долго време во Скопје тротоарите функционираа повеќе како паркинг место за автомобилите, отколку како патека за движење на пешаци и велосипедисти. Тротоарите на главните улици и булевари беа полни со возила качени и паркирани на просторот наменет за пешаци, принудувајќи ги жителите на градот на акробатски маневри да ги заобиколат, или уште пострашно, со своите деца или семејство да мора да се спуштат на улицата или булеварот каде се движат градските возила.

Денес, ситуацијата е подобрена и воведувањето на евроски урбани стандарди придонесе Скопје да почне да се менува и да наликува на современа метропола. Голем дел од градските тротоари се заштитени со столбчиња, а јавните површини се ослободуваат и пренаменуваат кон оние на кои им се секојдневно потребни, пешаците и велосипедистите на овој град.

Една од најголемите желби на скопјани кога е во прашање урбаната мобилност и урбаното планирање се проодните велосипедски патеки и тротоари и тие се се важни за секој модерен и урбан град и тука го поставуваме прашањето: Може ли Скопје да стане град со проодни тротоари и велосипедски патеки? Дали тоа е реалност или пак само една желба на сите нас кои секојдневно пешачиме и возиме низ Скопје? 

Тргнувањето на скопските автомобили на дел од тротоарите овозможи простор и за засадување на дрвореди во чии крошни пешаците можат да се движат поопуштено, а со ослободувањето на просторот се овозможи и поставување на вело-мрежа низ целиот град, преку која скопските велосипедисти можат многу побрзо и полесно да стигнат онаму каде што се упатиле.