Зголемен ризикот од недостиг на магнезиум кај луѓето

Магнезиумот е многу важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем, имајќи предвид дека со редовните тестови на крвта не може да се добие увид за фактичка состојба на магнезиумот во клетките, во повеќето случаи недостатокот на магнезиум останува неоткриен, објави „Комунис“ по повод Светскиот ден на срцето.

За тој непрепознатлив дефицит на магнезиумот како можен главен двигател на кардиоваскуларните болести и неговата употреба во превенција и третман на кардиоваскуларните болести, пишуваат статиите објавени оваа година во списанието на Британското кардиоваскуларно здружение „Опен харт“.

Научниците посочуваат дека повеќето луѓе во денешно време имаат зголемен ризик од недостаток на магнезиум, како поради намалената содржина на магнезиум во храната и прекумерното консумирање рафинирана храна, така и поради употребата на лекови кои го поттикнуваат неговото излачување од телото.

Недостатокот на магнезиум, исто така, се поврзува со стрес и алкохолизам.

Препорачаната доза на магнезиум изнесува 375 милиграми на ден, а негови природни извори се оревестите плодови, мешунките, интегрални житарки, зелен лиснат зеленчук и природна минерална вода богата со магнезиум.