Земјотрес утрово во охридско-струшкиот регион, почувствуван со интензитет од IV степени

Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во југозападниот дел од земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на Опсерваторијата, земјотресот бил регистриран во 05:40 часот, а неговиот епицентар потекнувал од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на Македонија, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.