Земјотрес стресе во соседството, почувствуван и во делови од Македонија

Синоќа во 20:06 часот, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид.

Според извештаите, потресот бил регистриран на длабочина од 13 километри.

Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан.

Засега нема информации за причинета  материјална штета.