Земјотрес со јачина од 5,5 степени почувствуван во западна Македонија – епицентарот во Грција

Земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала рано утринава бил почувствуван во западните и југозападните делови од земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците, земјотресот се случил во 4 часот и 32 минути, а неговиот епицентар потекнува од територијата на Република Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје.

Потресот бил почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.