Земјотрес почувствуван североисточно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 14.02.2023 година регистрираше земјотрес 365 km североисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје во соседна Р. Романија, информираа од ЦУК. 

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 14 часот и 16 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.