Земјотрес од 4,8 степени ја погоди Хрватска

Ноќеска во 18 часот и 43 минути сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска регистрираа силен земјотрес со епицентар на 15 километри североисточно од Стариграда Пакленица.

Магнитудата на земјотресот била 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС. Земјотресот е почувствуван во поширокото задарско подрачје, а според првичните податоци почувствуван во Лика, Шибеник и Сплит.

„Регистриравме силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во следните неколку часа се забележани 3 или 4 земјотреси со помали магнитуди, меѓу 1,7 и 2,9 степени. Ова не е невообичаено за областа. Во 2020 година имавме и земјотрес со јачина од 4,7 степени, а во 2022 година имаше и неколку послаби земјотреси во областа, така што тоа е сеизмички активно подрачје“, изјави за ХРТ сеизмологот Крешимир Кук.