
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија вечерва во 19:50 часот регистрираше земјотрес со епицентар во соседна Република Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираат дека потресот е измерен на сеизмолошките станици кои ги инсталира и одржува оваа институција, при што е утврдена локална Рихтерова магнитуда од 3.7 степени.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 3.7“, соопштија од опсерваторијата.
Според досегашните податоци со кои располага институцијата, земјотресот бил почувствуван во Охрид и неговата околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
„Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија.