Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска (31.05.2023) регистрираше земјотрес 89 км југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Охрид-Струга.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10 часот и 14 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала и од населението во Ресен, Струга, Вевчани и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.