Земјотрес 65 километри југоисточно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 65 километри југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, како што соопштија, земјотресот се случи во 11 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML1.9 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.